Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе учествува на Австралија опен: првиот Грен Слем турнир за новата 2022 година започнува на 17 јануари.
Ѓоковиќ на Инстаграм објави фотографија од аеродром и полни куфери под која напиша:
„Среќна Нова Година на сите! Ви посакувам многу здравје, љубов, радост и среќа. Да гледате, дишете и размислувате љубов и да негувате почит кон секој човек и живо суштество на оваа прекрасна планета. Уживав што бев со моето семејство и драги луѓе, се одморив од многу долга и успешна сезона 2021. Сега се селам во Австралија бидејќи добив дозвола и подготвен сум да живеам и да дишам тенис во следните неколку недели. Ви благодарам на сите за поддршката“.
Novak Djokovic to play Australian Open with an exemption permission. pic.twitter.com/8ObWB8ojk7
— Michal Samulski (@MichalSamulski) January 4, 2022