Андре Онана пристигнас во Милано и во следните неколку часа и официјално ќе потпише договор со тимот на Интер. Голманот на Ајакс станува член на Миланскиот гигант, откако успешно беа завршени преговорите на неговиот менаџерски тим.
Иако тој денеска по лекарските прегледи и официјално ќе го потпише договорот, сепак, останува член на Ајакс до лето, а потоа како слободен играч се сели во Интер.
Онана е производ на Ла Масиа, школата на Барселона но таму, никогаш не доби шанса па замина во Ајакс. Тоа и тоа како се покажа како правилен потег, затоа што за „Копјаниците“ настапи на преку 200 меча досега. Онана има 25 години и е планиран да биде „единица“ во Милано долг период.
🚨 Andre Onana in Milan after completing his Inter Milan medical. His move will be announced imminently.
[Source: @SkySport] pic.twitter.com/GIzJJzdkye
— Transfer HQ (@Transfer__HQ) January 4, 2022