Менаџерот на Челзи, Томас Тухел најави крај на „војната“ со Ромелу Лукаку, кој беше отстранет од „сините“ за дербито со Ливерпул поради неговите изјави дека не се чувствува добро во лондонскиот клуб и дека сонува да се врати во Интер.

“Нема сомнеж за посветеноста на Лукаку кон Челзи. Тој е многу лојален и затоа неговите изјави беа изненадувачки. Никогаш не правел никакви проблеми, тој е многу емотивно момче. Се надевам дека навивачите ќе го прифатат ова и ќе продолжат да го поддржуваат тимот како и Лукаку“, коментира Германецот.
„Лукаку се извини и се врати во тимот. Проблемот не беше толку голем колку што мислите. Не беше мал, туку целосно надминат откако се извини. Свесен е што направи. Свесен е за својата одговорност да го поправи нередот кој го создаде. Можеби ќе има последици, но ќе се снајде, тој е професионален фудбалер и знае да се носи со одговорноста. Ромелу нема избор, тој е наш фудбалер“, изјави Томас Тухел.