Црногорците денеска се тестираат на Ковид: Кој ќе биде позитивен не оди на ЕП

264

Селекторот на црногорската ракометна репрезентација, Зоран Рогановиќ, вели дека по денешното тестирање за Ковид ќе се знае кој ќе биде составот со кој Црна Гора ќе патува на ЕП. Црногорците се една од трите селекции противници на Македонија во групната фаза во Дебрецин.

Неколку црногорски репрезентативци беа заразени со Ковид-19 пред 10-тина дена и ќе бидат на списокот на патници само доколку денеска бидат негативни на ПЦР тестовите.

Црна Гора заминува на турнир во швајцарски Винтертур, каде од 7 до 9 јануари ќе тестира со Португалија, Украина и Швајцарија.

ПретходноЧелзи и Тиаго Силва ја продолжија соработката на уште една сезона
СледноЛидс Ј. подготвен да понуди 18 милиони евра за потписот на Елмас!