Италијанските голмани Џанлуиџи Донарума и Џанлуиџи Буфон се позитивни на Ковид-19 соопштија од нивните клубови Пари Сен Жермен и Парма. Легендата на италијанскиот фудбал Буфон бил тестиран по враќањето од божниќните и новогодишните празници, а тестот излегол позитивен. Тој ќе мора да оди во изолација и засега е во добра состојба.
Сезонава Буфон одиграл 18 меча за Парма во Серија Б и одбрани три пенали и шест пати ја сочувал мрежата недопрена.
А од Париз стигнува вест дека и Донарума е позитивен на коронавирус. И тој оди во изолација неколку денови и ќе се следи неговата состојба. Во ПСЖ позитивен е и најдобриот светски фудбалер Лео Меси кој исто така е во изолација.
Во меѓувреме се повеќе клубови пријавуваат заразени фудбалери, па мака мачат како овој период да ги спремат тимовите за првенствените и куп натпреварите.
Денеска и Баерн пријави уште двајца заразени: Сане и Упамекано и бројката се искачи на 8 фудбалери во карантин. Под прашалник е нивниот меч со Менхенгладбах. РБ Лајцпиг пријави тројца позитивни на Ковид-19: Мукиеле, Хенрикс и Дани Олмо. Од изолација се враќа Андре Силва.