ЕХФ не признава два негативни тестови, дел од позитивните играчи нема да играат на ЕП

328

Европската „куќа на ракометот“ воведе строги правила пред стартот на континенталниот собир во Унгарија и Словачка. Добро е познато дека сите учесници треба да направат три Ковид-теста и истите да бидат негативни за да можат да бидат дел од Европското првенство.

Македонија на првото тестирање мина без ниту еден позитивен случај, но голем број на земји ги пријави првите играчи заразени со Ковид-19. И додека сите се надеваа дека со два негативни ПЦР тестови ќе можат да се најдат во составот, ЕХФ ја известила Шведска дека играчите кои ќе бидат позитивни ќе можат да се приклучат на своите репрезентации после 14 дена.

Ова сурово правило на ЕХФ наиде на критики од страна на сите учесници, особено поради фактот дека по првиот позитивен, два негативни тестови не се доволни за да играчите отпатуваат со својот национален тим.

Во случај Македонија да има позитивен ракометар на 7. јануари за кога е закажано второто тестирање, тоа значи дека нема да патува во Дебрецен.

ПретходноШпанците ги открија сите детали за трансферот на Халанд во Барселона
СледноЛукаку ја промени плочата им се извини на навивачите (ВИДЕО)