Најбогатиот Србин за 100 милиони фунти купи клуб од Премиер лигата

698

Драган Шолак, основач на „Спорт репаблик“, го купил контролниот пакет на акции на англискиот премиерлигаш Саутемптон, пренесува „Скај Спортс“. Договорот е вреден 100 милиони фунти, а во превземање на клубот покрај српскиот бизнисмен се вклучени и Расмус Анкерсен, еден од поранешните директори во Брентфорд и Хенри Крафт, инвеститор од Лондон.

Досегашен сопственик на Саутемптон беше Гао Џишенг, кинески бизнисмен кој во 2017 година купи 80% од клубот, а останатите 20% останаа во сопственост на Катарина Либхер.

Инаку Шолак и неговата компанија стојат зад Телемах и телевизиите Спортклуб, Н1 и НоваТВ.

ПретходноСтруга ТЛ и Флорент Османи се разделија
СледноОФИЦИЈАЛНО: Спировски е нов член на МТК Будимпешта