ОФИЦИЈАЛНО: Спировски е нов член на МТК Будимпешта

510

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски се враќа во Унгарија, но овојпат ќе ги брани боите на МТК каде што е член уште еден наш репрезентативец Бојан Миовски. Денеска клубот од Будимпешта потврди за трансферот на Спировски и се радува што ќе има добар офанзивен фудбалер каков што бара подолго време.

Спировски играше и за Ференцварош со кого беше унгарски шампион, а беше во Хапоел Тел Авив, потоа АЕК Ларнака и украински Мариупол. Токму од Украина македонскиот репрезентативец „слета“ во МТК кој е 23-кратен шампион на Унгарија.

ПретходноНајбогатиот Србин за 100 милиони фунти купи клуб од Премиер лигата
СледноОнана е во Милано и потпишува за Интер