Хрватите во паника: Најдобрите ракометари „закачиле“ коронавирус

200

Двајца клучни играчи на хрватската репрезентација Домагој Дувњак и Лука Циндриќ се позитивни на коронавирусот Ковид-19, тоа го потврдија од таборот на репрезентацијата која се подготвува за ЕП кое почнува на 13 јануари.

Циндриќ и Дувњак повторно ќе бидат тестирани на 7 јануари, во случај да бидат негативни ќе можат да настапат на првенството кое ќе се игра во Унгарија и Словачка.

Тестовите на сите други репрезентативци биле негативни.

Инаку Хрватска ќе игра во група со Франција, Србија и Украина.

ПретходноВасоски во преговори да го преземе Сараево
СледноВтора година по ред Влхова победи на „Сљеме“ во Загреб (видео)