Челзи и Тиаго Силва ја продолжија соработката на уште една сезона

139

Челзи и официјално го потврди продолжувањето на договорот со дефанзивецот Тиаго Силва. Според новиот договор, Бразилецот ќе остане во Лондон до крајот на идната сезона, 2022/2023.

37-годишниот Бразилец има актуелен договор кој истекува на крајот од оваа сезона.

„Вистинско задоволство е да се игра за Челзи. Никогаш не мислев дека ќе играм три години во овој прекрасен клуб, па затоа ми е многу мило што останам уште една сезона. Исто така, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство, клубот и г-дин Абрамович за оваа можност. Ќе продолжам да давам се за овој клуб и за навивачите кои секогаш беа покрај мене откако дојдов“, изјавил Силва за обновувањето на договорот.

ПретходноИ Монца на Берлускони тргна по Несторовски
СледноЦрногорците денеска се тестираат на Ковид: Кој ќе биде позитивен не оди на ЕП