Тимот на Шкендија со редовните прегледи пред секој официјален собир денеска ги стартуваше зимските подготовки сезонава.
Со неколку измени во составот, како што се заминувањата на Алими, Хебај, Џака, Тетовци стартуваат да се подготвуваат за напролет да се обидат да го стигнат и можеби престигнат лидерот Шкупи, како и второпласираниот тим на Академија Пандев.
Стандардно, а тоа во моментов го дозволуваат и условите, Шкендија првите денови од подготовките ќе работи во домашни услови, а секако како што е вообичаено на 22 јануари ќе замине за Анталија.
Првото ново име во таборот на актуелниот бранител на титулата ќе биде Михаил Маневски кој доаѓа од Брегалница.