Се чини дека шансите за да Ерлинг Халанд потпише за Барселона ова лето се големи.
Голем број на шпански медиуми денеска објавија дека норвешкиот фудбалер се согласил да го облече дресот на каталонскиот гигант. Раководството на клубот има усмен договор со Раиола, кој му ветил на Жоан Лапорта дека ќе обезбеди финансиски средства за овој трансфер.
Двајцата имале состанок на 13. декември во Торино.
„Халанд сака да биде лидер во победнички проект и би сакал да ја избегне можноста да игра во ист тим со Килијан Мбапе, па токму затоа за него Реал Мадрид не е приоритет“.
Халанд со Барселона би потпишал договор на три сезони со опција за дополнителни две и бруто плата од 30 милиони евра. Исто така, за да дојде во тимот, Каталонците се подготвени да се откажат од неколку скапо платени играчи.
Барселона треба да плати 75 милиони евра обештетување на Борусија за играчот кој постигна 19 гола на 16 натпревари оваа сезона, а на сите натпревари во Бундеслигата успеа да има импресивен учинок од 76 гола на само 75 натпревари.