Кошаркарите на Далас Маверикс по пет последователни гостувања конечно заиграа на домашен паркет и ја покажаа својата вистинска сила по враќањето на Лука Дончиќ. Тексашаните славеа со 103-89 против екипата на Денвер пред полните трибини во Американ Ерлајнс центарот, а првата ѕвезда на Далас покажа глад за игра по паузата од неколку недели поради повредата на левиот зглоб и болки во коленото.
Дончиќ беше најдобар играч на теренот и за само два скока не успеа да дојде до нов „трипл-дабл“ откако средбата ја заврши со 21 поен, 15 асистенции и 8 скока. Кај Денвер српскиот центар Никола Јокиќ беше носител на играта, но и неговите 27 поени и 16 скока не беа доволни за успех.
Ѕвезда на вечерта во НБА лигата, сепак, беше младиот 22-годишен кошаркар на Портланд, Анферни Симонс, кој постигна 43 поени во победата над Атланта со 136-131 и ја прекина серијата од четири последователни порази на Треилблејзерси.
Пораз синоќа претрпе и шампионот Милвоки, кој пред своја публика изненадувачки загуби од Детроит со 106-115. Ниту 31 поен на Адетокумпо не беа доволни за победа на Бакс. Детроит го имаше одличниот Беј кој средбата ја заврши со 34 поени и 8 скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Далас – Денвер 103:89
Филаделфија – Хјустон 133:113
Вашингтон – Шарлот 124:121
Бруклин – Мемфис 104:118
Чикаго – Орландо 102:98
Милвоки – Детроит 106:115
Њу Орлеанс – Јута 104:115
Голден Стејт – Мајами 115:108
Портланд – Атланта 136:131
ЛА Клиперс – Минесота 104:122