Арсенал – Ливерпул дефинитивно одложена

139

Мечот од купот на Англија, помеѓу екипите на Арсенал и Ливерпул кој требаше да се одигра утре со почеток од 20:45, и официјално е одложен. Причината за тоа е ковид ситуацијата со која што се соочува Ливерпул како клуб, затоа што има премногу заразени за да го одигра овој меч.

Пред се тука станува збор за стручниот штаб на чело со менаџерот Јирген Клоп, потоа неговите помошници, како и голем дел од фудбалерите. Дополнителен проблем е во моментов и одржувањето на Африканскиот куп на нации, каде што клубот има три претставника. Дополнителниот датум на одигрување на мечот не е објавен.

 

ПретходноДрашко Ѓорѓевиќ ќе биде новиот стопер на Струга Трим Лум
СледноМенди префрлен во друг затвор поради закани по неговиот живот