Атанаскоски си замина од Казахстан опција се Унгарија и Турција

436

Екс Македонскиот младински репрезентативец Давид Атанаскоски зимава не се договори за нова соработка со неговиот досегашен клуб, Шахтјор Караганди па во овој преоден рок ќе има нов клуб.

Левиот бек имаше одлична полусезона го постигна голот на полусезоната во шампионатот на Казахстан, но ете на пролет ќе заигра во нова средина. Атанаскоски досега настапуваше за екипите на Тетекс, на Хоризонт Турново, Македонија ЃП, и Академија Пандев.

Како што Спортмедиа дознава Атанаскоски веќе има понуди од Унгарија односно Турција и прашање е на денови кога ќе го дознае својот нов клуб.

ПретходноШкендија со ново бразилско засилување, пристигна Менсaлао
СледноЧервар: Ќе навивам за Македонија, тоа е мојата втора татковина