„Ајде цела Србија да го дочека Новак на улица“…

1666

Новак Ѓоковиќ, барем според последните информации, ќе остане во аеродромскиот хотел во Мелбурн во карантин и тоа до утре. Одлуката на властите во Австралија е да не му се даде виза, но последна надеж е жалбата која адвокатите на Србинот ја вложиле на таа одлука. Мали шансите нешто да се промени, но треба да се дочека утрешниот ден.

Посебно мали се шансите откако со изјава излезе министерот за здравство на Австралија, Грег Хант.

Во нашата земја сите мора да покажат сертификат за добиени вакцини кога влегуваат во хотел, ресторан и слично, и тоа мора да го покаже секој кој што влегува во Австралија. Јас знам дека ова е тешка одлука, но тоа е така. Мора сите да имаат ист третман“ изјавил Хант.

Се разбира дека ова е мало “враќање“ на работите, посебно ако се знае дека токму организаторот на АО и властите во Австралија бараа начин Новак и покрај тоа што нема сертификат, да игра во Мелбурн.

Јасно е дека ова е политичка одлука, одлука која властите во Австралија ја донесоа под притисок на јавноста во Австралија која “збесна“ откако дознае дека Србинот невакциниран ќе игра на турнирот.

Инаку во Србија врие. Сите сакаат да кажат нешто, да дадат поддршка на Новак, но има и такви кои велат дека тој самиот си е виновен зошто морал да се вакцинира.

Интересно беше барањето на Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак кој ја повика јавноста да му даде поддршка на својот син со следните зборови…

Ајде цела Србија да излезе на улица иа така да го дочека Новак Ѓоковиќ“…

ПретходноРеал Мадрид ја научил лекцијата, триумф над Алкојано!
СледноПроблемите не го прескокнаа ниту Ивица Обрван