Барселона се спаси од голем срам!

272

Ништо од светска сензација во 1/16 финалето на Копа дел Реј. Имено третолигашот Линарес иако водеше со 1:0 по првиот дел против Барселона, сепак на крајот потклекна, односно Барса успеа на мускули да се спаси од голем срам и да се пласира во следната фаза.

Домашниот тим поведе во 19.минута со голот на Хуго Диаз, за голема еуфорија кај домашните фанови. Сепак во вториот дел, Барса преку Дембеле во 63. и Феран во 69.минута го сврте резултатот во своја корист и успеа на крајот да слави со 1:2

Во осминафиналето на Копа дел Реј засега се пласираа и екипите на Валенсија, Мајорка, Реал Соседад.

ПретходноСедлоски означи старт: Од денеска есенскиот првак во „погон“!
СледноЗаврши испитувањето, Новак чека на одлуката, се јави и Вучиќ со поддршка!