Де Хеа со пцовки го нападнал Роналдо на мечот со Вулверхемптон

3222

Дека ситуацијата во Манчестер Ј. не е идеална веројатно е добро познато за сите. Но, последниот пораз на домашен терен од Вулверхемптон извлече и некои други работи кои почнуваат сериозно да ја „нагризуваат“ и онака кревката атмосфера во соблекувалната.

Како што објавија дел од англиските таблоиди, за време на мечот со „волците“, голманот Де Хеа упатил остри зброви, па дури и пцовки кон Кристијано Роналдо поради едно негово додавање наназад, кое ризикуваше да се претвори во автогол.

Како што пренесе и весникот „Спорт“, со гестови и пцовки Де Хеа го нападнал Португалецот, при што навивачите присутни на „Олд Трафорд“ останале шокирани од неговото однесување.

ПретходноИ Спалети е во изолација, Наполи бара одложување на дербито со Јуве
Следно„Ако документацијата не е задоволителна, Ѓоковиќ со првиот авион ќе биде вратен дома“