Екипата на Ливерпул, наводно, е толку погодена од нови случаи со Ковид-19 што Лорис Кариус е единствениот голман кој може да се појави на голот на „црвените“ на утрешното полуфинале од Лига купот на Англија против Арсенал. Токму поради тоа Ливерпул и побара одложување на дуелот на „Емирати“.
Германскиот голман нема играно за Ливерпул од 2018 година во Киев на дуелот со Реал Мадрид, настап со кој самиот си ја заврши кариерата на „Енфилд“ и ја уништи неговата надежна фудбалска кариера.
Тој се уште е под договор со Ливерпул, иако изминативе години постојано е некаде на позајмица. Сепак, доколку ФА не го одложи дуелот со „топчиите“, Кариус повторно би можел да застане на меѓустативите во дресот на „црвените“.