Македонскиот младински репрезентативец и досегашен член на тимот на Работнички. Лука Станковски од денеска и официјално е член на тимот на Газиантеп. Турскиот суперлигаш одлучи да го купи зимава еден од најталентираните, и воедно најквалитетни млади фудалери во Македонија, и со тоа што се вели да вложи во својата иднина.
Станковски иако во моментов има само 19. години сепак, тој веќе долго време е првотимец на Работнички, одигра две полни сезони во нашата најдобра конкуренција, а сега ја крева својата фудбалска кариера на едно сосема поинакво ниво.
Мега трансферот на Станковски е само уште еден во низата на клубот од Дебар Маало, кој во изминатиот период за сериозни суми ги продаде и Елиф Елмас, и Давид Тошевски, а ете сега и Лука Станковски.
Спортмедиа ексклузивно го објави трансферот на Станковски уште пред десетина дена.