Новак Ѓоковиќ ќе мора да се придржува до „строгите гранични барања“ и покрај ослободувањето од вакцинација против Ковид-19 за Австралија Опен.
„Воопшто не треба да има посебни правила за Новак Ѓоковиќ, никакви“, вели австралискиот премиер
Одлуката на Новак Ѓоковиќ да му се даде исклучок за настап на Австралија опен беше критикувана од светската јавност, но австралискиот премиер вели дека доколку неговата документација за исклучок од вакцинација не е задоволителна, тој ќе биде на „првиот авион за дома“.
„Значи, ја чекаме неговата презентација и какви докази ќе обезбеди за да го поткрепи тоа што значи исклучивање од имунизација“, вели премиерот Скот Морисон.
Ѓоковиќ вчера стави крај на повеќенеделните шпекулации за неговото учество на првиот Грен слем турнир со тоа што откри дека ќе игра откако ќе добие ослободување од имунизација.