Вечерва или најдоцна до утре ќе се знае дали Александар Васоски ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на Сараево, на најдобриот клуб во историјата на БиХ и еден од најпознатите во екс – СФРЈ.
Како што ни е потврдено, актуелниот стратег на А. Пандев и еден од нашите најдобри стратези веќе неколку денови е во главниот град на БиХ, и дека води интензивни преговори со челниците на “бордо“ клубот.
Она што нам ни е потврдено е тоа дека Васоски вечерва или најдоцна утре ќе го знае одговорот на Сараево, но во секој случај тој планира во текот на утрешниот ден да се врати дома. Ако биде тренер се разбира да ги среди сите формалности со А. Пандев, а ако не биде тогаш да си продолжи со „пандевци“ и понатаму.
Во меѓувреме Горан Пандев, газдата на А. Пандев бара нов тренер. Се разбира во случај Васоски и официјално да стане тренер на тимот каде што настапува Крсте Велкоски, тогаш “пандевци“ ќе мора да добијат нов стратег.
Во „игра“ се неколку имиња, но сепак се ќе биде дефинирано во текот на утрешниот ден.