Заврши испитувањето, Новак чека на одлуката, се јави и Вучиќ со поддршка!

524

Најново од Мелбурн и целата сага околу Новак Ѓоковиќ се чини дека е при крај. Србинот сеуште е во „притвор“, но испитувањето заврши и сега се чека на одлуката на властите дали и дефинитивно ќе го пуштат да “влезе“ во Австралија или пак ќе мора да се врати дома, во Белград.

На сето ова и реагираше претседателот на Р. Србија, Александар Вучиќ, кој телефонски контактирал со тенисерот, му ја пренел поддршката и му кажал дека властите на Р. Србија ќе преземат се што треба целата оваа ситуација да се стави под контрола.

ПретходноБарселона се спаси од голем срам!
СледноВујовиќ: Најдобро е ЕП да се откаже!