И Спалети е во изолација, Наполи бара одложување на дербито со Јуве

272

Наполи објави дека тренерот Лучијано Спалети е позитивен на коронавирус. Тој нема симптоми, но е ставен во изолација. Тоа значи дека стратегот на Наполи утре ќе мора на ТВ да го го следи гостувањето на неговиот тим кај Јувентус во натпреварот од 20. коло во Серија А.

Уште двајца играчи на Наполи имаат позитивни тестови, дефанзивците Марио Руи и Кевен Малкуи, соопштија од клубот. Сепак, напаѓачот Андреа Петања имал негативен тест откако бил во контакт со луѓе кои биле позитивни на Ковид-19.

Така, списокот на играчи надвор од терените за големата пресметка со Јувентус е се подолг. Виктор Осимен и Кулибали се повредени, а Фабијан Руиз, Елиф Елмас и Ирвинг Лозано имаат позитивни тетсови на Ковид-19. Унас и Ангиса се вклучени со репрезентациите на Алжир, односно Камерун за Африканскиот куп на нации. Наполи сака да го одложи натпреварот со Јувентус, но тоа тешко дека ќе се случи.

ПретходноМатераци и Паљука се новите членови на „Куќата на славните“ на Интер
СледноДе Хеа со пцовки го нападнал Роналдо на мечот со Вулверхемптон