Ковид-кризата во Барселона продолжува: Позитивен е и Лапорта

199

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е уште еден во листата фудбалери и спортски работници во редовите на Каталонците кои се заразени со коронавирусот, соопшти клубот. По позитивните тестови на Феран Торес и Педри, Лапорта прво беше тестиран со антигенски тест, кој даде негативен резултат, но подоцнежниот ПЦР тест сепак бил позитивен.

Лапорта ги откажа планираните патувања во Линарес и Гранада и сега е во карантин. Претседателот на Барселона се чувствува добро и нема никакви симптоми.

ПретходноПо Црна Гора и Португалија го откажа настапот на турнирот во Швајцарија
СледноЛиверпул нема здрави голмани: Кариус по 4 години се враќа на голот за мечот со Арсенал?