Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерси до третата врзана победа, која полека ги искачува на табелата на Западот. ЛА Лејкерс синоќа го совлада Сакраменто Кингс со 122:114.
Џејмс постигна 31 поен, со пет скока и пет асистенции. Во последните четири минути тој постигна десет поени и со тоа го „прекрши“ мечот и повторно им донесе победа на Лејкерси.
Одлична партија кај „езерџиите“ имаа и Малик Монк со 24, Вестбрук и Хортон-Такер со 19 и Двајт Хауард со 14 поени и исто толку скока.
Кошаркарите на Феникс го победија Њу Орлеанс со 123:110 и ја постигнаа седмата победа во последните девет натпревари во меѓусебните дуели во НБА лигата. Шест играчи на Феникс постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Девин Букер со 33 поени, девет скока и четири асистенции.
Њујорк ја победи Индијана со 104:94 и ја прекинаа серијата од два порази. Реџеј Барет постигна 32 поени, од кои 24 во првото полувреме, а Џулиус Рендл постигна 30 поени со 16 скока во првиот натпревар откако се врати во тимот по коронавирусот.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Мемфис 106:110
Торонто – Сан Антонио 129:104
Њујорк Никс – Индијана 104:94
Њу Орлеанс – Феникс 110:123
ЛА Лејкерс – Сакраменто 122:114