Летечкиот Кобајаши победи и во Бишофсхофен – на чекор е до историја!

239

Јапонскиот ски-скокач Рују Кобајаши триумфираше и на третата скокалница од Новогодишната турнеја – 4 скокалници. Инаку натпреварувањето требаше да се одржи вчера во Инсбрук, но поради лоши временски услови беше преместено во Бишофсхофен каде што утре ќе се одржи и финалната четврта трка.

Кобајаши, кој триумфираше во Оберсдорф и во Гармиш, денеска беше најдобар и во Бишофсхофен, собра 291,3 поени и зад себе го остави Маруис Линдвик кој освои 286,6 поени.

На подиумот се искачи уште еден Норвежанец Халвор Егнер Гранеруд, а во топ 10 завршија и Гајгер, Фетнер, Херл, Јохансон, Ајзенбихлер, Хајбек и Сато.

Интересно, Линдвиг водеше по првата рунда, Кобајаши беше втор, но во „финалето“ Јапонецот успеа да го претрка ривалот.

Така Кобајаши е на чекор да го повтори својот ефект од 2019 година кога победи на сите четири скокалници. Ако триумфира и утре тој ќе биде првиот ски-скокач кој двапати победил на сите четири скокалници на Новогодишната турнеја.

ПретходноНикола Јакимовски го смени клубот во Грција
СледноСе водат преговори: Шкендија со официјална понуда до Буба Хасани, се чека „ДА“ од него!