Ливерпул нема здрави голмани: Кариус по 4 години се враќа на голот за мечот со Арсенал?

3026

Екипата на Ливерпул, наводно, е толку погодена од нови случаи  со Ковид-19 што Лорис Кариус е единствениот голман кој може да се појави на голот на „црвените“ на утрешното полуфинале од Лига купот на Англија против Арсенал. Токму поради тоа Ливерпул и побара одложување на дуелот на „Емирати“.

Германскиот голман нема играно за Ливерпул од 2018 година во Киев на дуелот со Реал Мадрид, настап со кој самиот си ја заврши кариерата на „Енфилд“ и ја уништи неговата надежна фудбалска кариера.

Тој се уште е под договор со Ливерпул, иако изминативе години постојано е некаде на позајмица. Сепак, доколку ФА не го одложи дуелот со „топчиите“, Кариус повторно би можел да застане на меѓустативите во дресот на „црвените“.

ПретходноКовид-кризата во Барселона продолжува: Позитивен е и Лапорта
СледноМатераци и Паљука се новите членови на „Куќата на славните“ на Интер