Ливерпул нема играчи, бара одложување, го затвори и тренинг центарот

164

Големи проблеми направи коронавирусот во таборот на Ливерпул. Во моментов поголемиот дел од првотимците или се заразени, или пак дел од нив заминаа на Африкаснкиот куп на нации, па овој клуб во моментов има голем проблем буквално да состави тим.

Згора на тоа, ајде што е менаџерот Јирген Клоп позитивен, како и неговите помошници, клубот одлучи да го затвори тренинг центарот со цел да се сузбие жариштето на вирусот кој очигледно е таму.

Клубот бара одложување на мечот од купот против Арсенал кој се игра утре со почеток од 20:45 но прашањето е дали ФА ќе дозволи такво нешто затоа што термини за преигруање речиси и да нема.

ПретходноДарко Мицевски и официјално во Вардар
СледноДрашко Ѓорѓевиќ ќе биде новиот стопер на Струга Трим Лум