Навивачите на романска Крајова на „нож“ го дочекаа вчерашното доаѓање на новиот тренер на екипата Николo Наполи. Некогашниот десен бек на Јувентус вчера по ОСМИ пат во кариерата седнува на клупата на Крајова, што е вистински раритет во светот на фудбалот.
Крајова се бори за опстанок, а италијанскиот тренер е четвртиот стручњак на клупата на романската екипа оваа сезона. Пред него тренери беа Адријан Муту и тоа на 12 мечеви, а Флавиус Стојкан и Еуген Трица по четири меча.
Навивачите со негодување го дочекаа Наполи во клубот и му порачаа дека не го сакаат за тренер.
„Остави не човеку. Уморни сме. Немаме никаков проблем со тебе, но доста е веќе. Ова е претерано“, реагираа навивачите разочарани од управата.