Интер го објави приемот на дефанзивецот Марко Матераци и голманот Џанлука Паљука во клупската „Куќа на славните“. Матераци беше дел од „нероаѕурите“ во периодот од 2001 до 2011 година.
Пред еден месец беше најавен и влезот на голманот Џанлука Паљука во ова одбрано друштво на италијанскиот шампион.
Матераци како дел од миланезите стана освојувач на Лигата на шампионите и Светското клупско првенство во 2010 година, 5 пати ја освои Серија А, а по 4 пати Купот на Италија и Суперкупот.
Паљука го освои Купот на УЕФА во 1998 година со Интер.
Во клупската „Куќа на славните“ досега се најдоа и Валтер Зенга, Хавиер Занети, Лотар Матеус, Роналдо, Франческо Толдо, Џакинто Факети, Дејан Станковиќ, Џузепе Меаца, Жулио Цезар, Џузепе Бергоми, Естебан Камбијасо и Диего Милито.