На барање на Жозе, Рома донесе англиски репрезентативец

315

Играчот од средниот ред Енсли Мејтланд-Најлс ќе ја продолжи кариерата во Рома откако доби дозвола да го напушти Арсенал и да оди на шестмесечна позајмица на „Олимпико“. 24-годишниот фудбалер кој има и пет настапи за англиската репрезентација има мала минутажа во Арсенал, лани шест месеци играше за ВБА, па време е да се проба нешто друго. На повик на Жозе Мурињо младиот фудбалер одлучил да игра во Серија А.
Неофицијално, Рома ќе плати пола милион евра за позајмицата до крајот на сезоната со опција да доплати уште 12 милиони евра за да го откупи договорот.
Мурињо пред неколку денови потврди за интересот на Мејтланд-Најлс но и дека клубот работи на трансфери на двајца фудбалери на позајмица во јануари.

ПретходноАлегри не пушта – Мората нема да оди во Барселона
СледноВасоски чека на Сараево, Пандев бара нов тренер!