Уште позитивни ракометари во српската репрезентација

104

Останаа уште осум дена до почетокот на Европското првенство, а српскиот национален тим се најде во големи проблеми. Коронавирусот го „парализира“ националниот тим, вчера се појави информација за шест заразени ракометари, а денеска уште четворица нови.

Позитивни тестови добиле Стеван Сретеновиќ, Илија Абутовиќ, Драган Пешмалбек и Немања Зеленовиќ.

Од РС на Србија соопштија дека сите четворица имаат благи симптоми и добро се чувствуваат, но сепак ќе мораат во изолација до следните тестирања.

„Тренажниот процес е комплетно откажан до комплетните контроли на ракометарите и стручниот штаб. Во наредните денови во консултација со ЕХФ, Министерството за здравсто ќе биде формиран планот за продолжување на подготовките“, пренесува ракометниот Сојуз.

ПретходноЛосерт е нов член на стручниот штаб на Вардар
СледноКасано во болница поради компликации од Ковид-19