Шкендија со ново бразилско засилување, пристигна Менсaлао

588

Тетовска Шкендија денеска потврди дека постигна договор со Бразилецот Андре Менсалао, кој потпиша договор во времетраење од една и пол година. Менсалао е централен играч за врска, но игра и на позицијата офанзивно лево крило.

Во текот на 2021 година, Бразилецот настапуваше во ерменскиот шампионат. Во есенската полусезона беше дел од ерменскиот тим ФК Севан, каде одигра 13 натпревари и постигна 6 голови. Претходно, во текот на кариерата играше во родната држава Бразил.

„Среќен сум што сум во Тетово и што сум дел од Шкендија. Во градот се чувствувам добро, тука сум веќе неколку дена и веќе почнав да се навикнувам на овој град“, изјавил Менсалао при потпишувањето на договорот.

ПретходноНаполи потврди: Елмас е негативен на последниот ПЦР тест
СледноАтанаскоски си замина од Казахстан опција се Унгарија и Турција