Ѓоковиќ како азилант… чека влез во Австралија, властите го држат на аеродром

404

Новак Ѓоковиќ сеуште не може да влезе во Австралија, затоа што како што јавуваат медиумите од таму има проблем на аеродромот каде што слетал со потребните документи за влез во оваа држава. Имено, тој доби специјален документ од здравствените власти на Австралија да влезе во оваа земја, и да настапи на првиот Гренд Слем турнир сезонава, Австралија Опен, но институциите во иваа земја очигледно дека не се премногу волни да соработуваат на оваа тема. Австралиската сојузна држава Викторија има посебни ковид правила и не му дозволува во моментов да влезе на нејзината територија. Наводно, Новак доставил барање за „погрешна виза“ и граничната полиција не дозволила влез на цел негов тим во земјата, по што одговорните луѓе ја контактирале Владата.

Федералните власти побарале од Владата на Викторија да му ја одобри визата која ја поднел, но бидејќи станува збор за погрешно барање, истата е одбиена.

Сега следува нова апликација, со потребната документација, за која светот верува дека ќе биде валидна, и дека конечно на Србинот ќе му биде дозволен влез во Австралија. Сето тоа би требало да биде решено во текот на денешниот ден.

Update on #AusOpen2022

The Federal Government has asked if we will support Novak Djokovic’s visa application to enter Australia.

We will not be providing Novak Djokovic with individual visa application support to participate in the 2022 Australian Open Grand Slam.

1/2

— Jaala Pulford MP (@JaalaPulford) January 5, 2022

ПретходноНема пари, нема тренер… Иван Марковски си замина од Металург
СледноОткажан слаломот на Сљеме