Искусниот македонски лев бек Никола Јакимовски има нов клуб во Грција. Фудбалерот од Крива Паланка досега беше член на Лариса, а од денеска е нов член на Аполон Смирни кој имаше катастрофална полусезона во грчкиот шампионат и е на последното место во Суперлигата. 31-годишниот фудбалер паузираше шест месеци, а сега се враќа на терените да му помогне на овој тим во борбата за опстанок.
Јакимовски има големо искуство, почна во Македонија ЃП, а беше во Ференцварош, Јавор, Јагодина, јапонска Нагоја, потоа во италијанските Варезе, Комо, Беневенто, Виченца, Трапани, а во 2021 година дојде во Лариса.
Аполон покрај Јакимовски потврди и за уште тројца странски фудбалери, дефанзивецот Томас Рогне од Норвешка, напаѓачот Микал Синевич од Белорусија и домашниот фудбалер Јанис Јаниотас кој дојде од Аполон Лимасол.