Њукасл го донесе Трипие, следен за потпис е Арон Ремзи

429

Англискиот репрезентативец Киран Трипие го напушти Атлетико Мадрид и му се приклучи на Њукасл. Денеска Трипие пристигна на „Сент Џејмс Парк“ и го комплетира трансферот вреден 12 милиони фунти. Тој се договорил за две и пол годишна соработка со Њукасл.

Во меѓувреме Јувентус се ослободи од неколку фудбалери, а меѓу нив е и велшкиот играч од средниот ред Арон Ремзи. Некогашниот фудбалер на Арсенал имал понуда од Барнли но ја одбил, а според пишувањата на англиските медиуми тој ќе оди во Њукасл. Велшанецот е и желба на тренерот на „Страчките“ Еди Хоув.

Њукасл не е семоќен во трансферите. Клубот кој е при дното на табелата во Премиер лигата има богати сопственици и многу пари, но не секој сака да оди таму. На пример Свен Ботман од Лил им кажал „Не“ затоа што сака да оди во Милан, потоа бекот Лукас Дињ исто така одбил трансфер на „Сент Џејмс Парк“.

Њукасл има уште неколку играчи на списокот ќе видиме што ќе успее да донесе. Меѓу желбите за јануарскиот преоден рок се Самуел Умтити од Барселона, Бубакар Камара и Бамба Диенг од Марсеј, Обамејанг од Арсенал…

ПретходноКасано во болница поради компликации од Ковид-19
СледноНикола Јакимовски го смени клубот во Грција