Тренерот на Јувентус Максимилијано Алегри зборуваше за информациите кои кружат низ медиумите дека Мората и уште неколку играчи ќе си заминат од клубот. Мората беше поврзуван со Барселона, меѓутоа до тоа нема да дојде. Причината е што Алегри не го пушта Шпанецот кој игра како позајмен од Атлетико.
„Му реков на Алваро дека останува и нема да го напушти Јувентус. Крај на приказната“, изјави Алегри.
Тренерот не посочи дали Јуве планира да ја активира опцијата да го откупи Мората на крајот на сезоната за 35 милиони евра со оглед дека веќе плати 20 милиони евра за позајмицата од Атлетико.
Мората сезонава постигна седум голови и имаше три асистенции во 23 натпревари. Aлегри потврди дека Aрон Ремзи сигурно заминува но и дека 99% од тимот од есенскиот дел ќе остане и во пролетниот.