Екс Македонскиот младински репрезентативец Давид Атанаскоски зимава не се договори за нова соработка со неговиот досегашен клуб, Шахтјор Караганди па во овој преоден рок ќе има нов клуб.
Левиот бек имаше одлична полусезона го постигна голот на полусезоната во шампионатот на Казахстан, но ете на пролет ќе заигра во нова средина. Атанаскоски досега настапуваше за екипите на Тетекс, на Хоризонт Турново, Македонија ЃП, и Академија Пандев.
Како што Спортмедиа дознава Атанаскоски веќе има понуди од Унгарија односно Турција и прашање е на денови кога ќе го дознае својот нов клуб.