Дембеле се смеел на последната понуда од Барселона за продолжение на договорот

734

Младиот напаѓач на Барселона, Усман Дембеле, и натаму не реагира на понудите кои Барселона ги испраќа до него за продолжување на договорот. Светскиот шампион со Франција пред неколку дена од челниците на Барселона добил ултиматум да го продолжи договорот со значително намалување на платата, но тој само им се насмевнал и не им одговорил ништо.

Каталонски „Спорт“ пишува дека Дембеле и неговите претставници рамнодушно реагирале на понудата на Матео Алемани и дека воопшто немаат намера да ја прифатат. На Дембле воопшто не му се брза, доаѓаат понуди од други клубови и останува само да избере нов клуб кој ќе биде најдобар за него.

Барселона, пак, е под постојан притисок да го регистрира Феран Торес, кој е платен 55 милилиони евра.

ПретходноОткажан слаломот на Сљеме
СледноЛудо: Крајова осми пат го донeсе истиот тренер, навивачите бесни!