Менди префрлен во друг затвор поради закани по неговиот живот

716

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, обвинет за седум точки од обвинението за силување, е префрлен во нов затвор.

Французинот претходно бил држен во затворот во Ливерпул, каде што се држат затвореници од категорија Б. Според весникот „Сан“ на 23 декември, фудбалерот бил префрлен во затворот во Манчестер, каде што се во притвор затворениците од категоријата А (затвореници за особено тешки кривични дела, вклучително и силување).

Менди бил префрлен во друг затвор ден по објавувањето на седмиот случај на силување, бидејќи почнале да растат стравувањата за неговата безбедност во затворот во Ливерпул.

Играчот е во притвор од август годинава. Судењето закажано за јануари 2022 година е презакажано.

ПретходноАрсенал – Ливерпул дефинитивно одложена
СледноНема пари, нема тренер… Иван Марковски си замина од Металург