Официјално: Италија и со “Бразилецот“ Жоао Педро против Македонија!

476

И официјално ФИФА и кажа „ДА“ на барањето на Италија за да го регистрира Бразилецот Жоао Педро, фудбалерот на Калјари. Ова значи дека селекцијата на Италија во пресрет на дуелот со Македонија на 24 март во Палермо, во плеј – офот за пласман на СП во Катар, ќе биде уште посилна.

Инаку Педро има 29 години, игра во нападот, а во Калјари е од 2014 година.

Тој требаше да добие дозвола од ФИФА и поради фактот дека веќе има играно за младите селекции на Бразил. Инаку Педро своето деби за Италија ќе го има токму против Македонија, да се надеваме дека нема да го види Мундијалот во Катар, и дека бадијала ќе му биде оваа “дозвола“.

Се разбира ова го велиме зошто ние сакаме Македонија да се најде во Катар, а не Педро и неговата Италија.

ПретходноВујовиќ: Најдобро е ЕП да се откаже!
СледноГотово е: Новак се враќа дома, Австралија не му даде виза!