Реал Мадрид ја научил лекцијата, триумф над Алкојано!

287

Ако лани ова време, исто во 1/16 финалето во Копа дел Реј, Реал на сензационален начин загуби од Алкојано, вечерва успеа да победи со 1:3 и со тоа да се пласира во следната фаза.

Очигледно е дека „кралевите“ и тоа како ја научиле лекцијата.

Вечерва Реал Мадрид со головите на Милитао, Асенсио и Иско успеа да победи, додека единствениот гол на домашниот состав, и тоа за 1:1, беше дело на Дани Вега.

Да кажеме дека вечерва во следната фаза се пласираше и тимот на Рајо Валјекано, Столе Димитриевски беше на клупата, немаше потреба да го брани голот на својот тим против Мирандес, потоа Бетис а Селта се посрамоти и загуби од Балеарес.

ПретходноПепи Горгиев сега е блиску до потпис со Струга ТЛ!
Следно„Ајде цела Србија да го дочека Новак на улица“…