Седлоски означи старт: Од денеска есенскиот првак во „погон“!

385

Како што и беше планирано, од денеска Шкупи, тимот кој е есенски првак е во “погон“. Стратегот Гоце Седлоски со првиот собир означи старт на подготовките. Тука беше и Матеј Цветаноски кој некои медиуми веќе го „преселија“ во Бугарија.

Инаку чаирчани во Скопје ќе работат до 14 јануари, за да од 15 јануари до 2 феврури екипата се подготвува во Анталија.

Планирано е да се одиграат неколку пријателски мечеви со силни спаринг – партнери, а засега договорени се три, и тоа со Лех Познањ (Полска) на 18.01, Черноморец (Украина) на 26.01 и со Ахмат Грозни (Русија) на 31.01.

May be an image of 9 people, people standing and outdoors

ПретходноБадел 1862 за малку до голема сензација во Подгорица!
СледноБарселона се спаси од голем срам!