Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Хaланд , не сака да се пресели во Реал Мадрид, затоа што таму веќе е договорен трансферот на Килијан Мбапе. Како што објави шпанската телевизија „Куатро“, Норвежанецот има намера да биде единствен лидер на својот иден тим, па затоа не би сакал да се сретне во ист клуб со Мбапе.
Договорот на Халанд со Борусија (Д) истекува во 2024 година, а засега се споменуаат неколку варијанти околу неговата иднина. Последните шпекулации од Шпанија велат дека и Барселона е во сериозна игра да го донесе Норвежанецот на „Камп Ноу“.