Челзи го „скрши“ Тотенхем, Лукаку беше стартер!

199

Челзи со 2:0 во градското дерби успеа да го победи Тотентехм во првиот меч од полуфиналето во Карабао купот. Се разбира дека овие 2:0 се голема предност пред реваншот на кој „спарси“ ќе бидат домаќини, но се уште е рано да се говори дека четата на Томас Тухел ја заврши целата работа.

Вечерва на “Стемфорд Бриџ“, Челзи со голот на Каи Хаверц во 5.минута, а потоа и со автоголот на Дејвис успеа да дојде до добар резултат пред реваншот.

Интересно е да се каже дека Ромелу Лукаку беше стартер на овој натпревар, тој си плати казната по она несреќно интервју, се извини и Тухел му даде шанса да настапи против тимот за кој се шпекулуираше дека ќе се пресели.

Првиот меч од второто полуфинале меѓу Ливерпул и Арсенал е одложен.

ПретходноГотово е: Новак се враќа дома, Австралија не му даде виза!
СледноПепи Горгиев сега е блиску до потпис со Струга ТЛ!