Червар: Ќе навивам за Македонија, тоа е мојата втора татковина

858

Во пресрет на Европското ракометно првенство кое почнува за неколку дена, сиот авторитет на овој спорт има што да каже. Секако, во оваа категорија спаѓа и Лино Червар, големиот стратег кој долго време беше дел од мак ракометот како тренер на тимот на Металург.

„Јас искрено навивам за мојата втора татковина Македонија. Мораме да бидеме објективни, македонската репрезентација минува низ промени, се случува смена на генерации. Тимот го предводи Кире Лазаров, најголема легенда во државата, човек што го сакам и го почитувам. Сите мора да го следат неговиот пример, блазе си им на оние што ќе имаат можност да работат со него. Тој е вистински идол, пример како еден спортист треба да игра на терен и да се однесува надвор од него. Иако рано влезе во тренерски води, мислам дека има голем квалитет и тоа ќе го покаже. Никому нема да му биде лесно со Македонија, ниту на Словенија, ниту на Црна Гора, па ни на Данска, која веќе еднаш загуби од Македонија во квалификациите за овој шампионат“, истакна Червар во своето опширно интервју.

Македонија инаку е во група со Словенија, Црна Гора и Данска.

ПретходноАтанаскоски си замина од Казахстан опција се Унгарија и Турција
СледноЛука Станковски официјално во Газиантеп