Ѓоковиќ е во притвор во Мелбурн, го чуваат полицајци

224

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е сметен во притвор на аеродромот во Мелбурн, а пред неговата соба се двајца полицајци кои не му дозволуваат да излезе. Тоа за „Б92“ го изјави таткото на Нова, Срѓан Ѓоковиќ.

Српскиот тениски ас е задржан на аеродромот во Австралија затоа што член на неговиот тим направил грешка кога ја пополнувал визата. Всушност тие пополниле погрешна виза, која не поддржува медицинска пропусница.

Па така драмата со најдобриот светски тенисер продолжува. Тој допатува да игра на Австралија опен но се соочи со проблеми.

Уште од самиот почеток на пандемијата, ковид-протоколите се многу јасни и строги во Австралија, особено во Викторија, каде што се игра првиот овогодишен Грен слем. Услов за влез во Австралија е доказ за примени две дози на вакцина за ковид-19, или специјална медицинска пропусница, каква што наводно поседува српскиот тенисер.

Доколку не се најде решение, Новак може да биде депортиран назад во Србија и да остане без настап на Австралија опен.

ПретходноСе водат преговори: Шкендија со официјална понуда до Буба Хасани, се чека „ДА“ од него!
СледноКостески: Веќе докажавме дека можеме да се носиме и со една селекција како Данска и да изненадиме!