Милан им се врати на победите (ВИДЕО)

259

Триумф од 3:1 над екипата на Рома за четиринаесетта победа сезонава и зацврстување на второто место на табелата во Серија А. Милан вечерва беше подобар од Рома на домашен терен и по два меча без триумф, конечно, успеа да ги врати насмевките кај своите фанови.

За неполни 20 минути во првото полувреме, „росонерите“ веќа имаа предност од 2:0 со головите на Жиру (8′) и на Месиас (17′). Рома се врати со голот на Таму Абрахам (40′) на негатива од 2:1, но во вториот дел остана без двајца фудбалери (црвени картони добија Карсдорп и Мансини, а Милан со голот на Рафаел Леао во 82′ само ја потврди победата.

За издвојување е пеналот кој Ибрахимовиќ не успеа да го реализира во 94. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Претходно„Дејли Меил“: Крег Тејли е виновен за ова што му се случува на Новак
СледноРепрезентативното либеро во нова улога: „Шаби“ ќе гасне скопски пожари (ФОТО)