Нигерија остана и без Игало за КАН 2022

202

Нигерискиот напаѓач Одион Игало нема да игра за својата земја на Купот на африканските нации, откако неговиот саудиски клуб одби да го пушти, објавија фудбалските власти во оваа африканска земја.

Клубот Ал Шабаб од Ријад соопшти дека мејлот со поканата за Игало пристигнал по истекот на рокот и имаат целосно право да го одбијат неговото патување.

Нигерија не успеа да го обезбеди и напаѓачот Емануел Денис од Ватфорд, откако Британците исто така реагираа на доцна испратена покана од федерацијата.

Според правилата на ФИФА, поканите до клубовите мора да бидат испратени во рок од 15 дена пред почетокот на турнирот.

ПретходноНов проблем: Двајца фудбалери на Барселона се повредија
СледноЈуве и Наполи поделија по бод во Торино (ВИДЕО)